Фокусот на состанокот помеѓу Ахмети и Вадефул биле уставните измени и процесот на европската интеграција, соопшти ДУИ.
„Претседателот Ахмети изрази благодарност за досегашната германска поддршка и подготвеност за продлабочување на понатамошната соработка во служба на европската иднина на Република Северна Македонија.
И двајцата соговорници споделија исти ставови за очигледниот напредок што земјата го постигна на патот на европската интеграција.
Ахмети и Вадефул исто така разговараа за чекорите што треба да ги преземе Северна Македонија со цел завршување на процесот на уставните измени како многу важно прашање, додека опозицијата треба да дејствува во согласност со повиците на меѓународните партнери за деблокирање на интеграцијата на земјата во ЕУ.
На состанокот се истакна дека интеграцијата во Европската Унија може да се користи како алатка за промена на реалноста на Западен Балкан, нагласувајќи ја поддршката за регионалниот пазар како и зголемување на економската размена“, се вели во партиското соопштение.