недела, 14 декември 2025

АДКОМ: Измените на Законот за облигациони односи ќе им нанесат штета на комуналните претпријатија

Објавено на

часот

Сподели

 

Со донесувањето на овој предлог ќе има правна несигурност  на функционирањето на правниот систем а со тоа сериозно се поткопуваат темелите правната држава.

Ваквите измени ќе значат прекршување на начелото на еднаквост на граѓаните пред законот, едни ќе бидат повластени наспроти други кои веќе го платиле долгот согласно прописите кои важеле во мометот.

АДКОМ е апсолутно против предложените измени на Законот за облигациони односи и ги подржува ставовите и аргументацијата  против овие измени кои ги даваат и останатите доверители и истакнува дека ако предлог Законот има ретроактивно дејствие, во тој случај голем дел од предметите на јавните претпријатија ќе останат не наплатени и не извршени имајќи  во предвид дека до  сега Законот предвидува застареност по правосилноста на одлуките од 10 години.

Јавните комунални претпријатија со вакви измени во Законот ќе се стават во подредена положба за сметка на должниците, а тоа се нивните корисници кои и така ги сервисираат со услуги по цени кои се нерантабилни. Иритира причината која ја наведуваат предлагачите на измените на законот дека доверителите намерно и со цел чекаат 9 години и 11 месеци да ја започнат постапката за извршување за да се  акумулира поголема камата. Ова е апсолутно неточно. Образложенијата кои предлагачите ги дале се неточни и неаргументирани и воопшто не можат да се прифатат како такви за причина за ваква измена на законот за облигациони односи.

Доведувањето во  негативната финасиска состојба на јавните претријатија  ќе резултира со покачување на цената на услугите а тоа сето пак ќе удри по џебот на граѓаните.

Апелираме до предлагачите на Законот и до сите  пратеници да размислат и да не носат вакви измени кои се косат со начелата на правна држава и ќе влијаат негативно на материјалнатга сигурност на давателите на јавни комунални услуги и на квалитетот на услугите“, се вели во реакцијата од АДКОМ.

                                                                                                                                              Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ