„Оваа одлука се однесува и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, меѓутоа напоменуваме дека НЕ се однесува на јавните предучилишни установи, здравствените установи и безбедносните служби на подрачјето на градот Скопје.
Информираме дека истите треба да изработат сопствени планови кои ќе овозможат непречено функционирање на установите. Се препорачува општините на градот Скопје и Градот Скопје да ги спроведат заклучоците .
Воедно се препорачува на приватниот сектор на подрачјето на Градот Скопје, а особено во подрачјето на Општина Карпош и општините кои гравитираат кон Спортскиот центар Борис Трајковски и хотелот Александар Палас да ги спроведат заклучоците.
Ваквата одлука е донесена поради 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението.
Фото: Сала Борис Трајковски






