недела, 15 март 2026

Сообраќајот во Македонија се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП Македонија пат.

Објавено на

часот

Сподели

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што посочуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ