вторник, 10 јуни 2025

Сообраќајот на патот Охрид – Кичево со видоизменет режим

Поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата на потезите Песочани-Требеништа и Ново Село-Ботун.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На тие делници сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид.

Истовремено, поради интензивирање на градежните активности на крстосницата и надвозникот кај селото Подмоље, на потегот од селото се до Охрид сообраќајот ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга.

СВР – Охрид апелира до возачите на крајна внимателност при движењето на посочените патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ