петок, 9 јануари 2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, но сите правци се проодни

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од ЈП Македонија пат. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека тимови на Македонија пат се на терен и ги одржуваат чисти и проодни патните правци низ земајва.

Објавено на

часот

Сподели

Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на планинските превои Попова Шапка, Стража, Маврово–Брод и Буково. И покрај ваквите временски услови, сите патни правци во моментов се проодни.

Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, поради што се препорачува зголемено внимание при возење.

Од претпријатието апелираат до возачите да управуваат внимателно со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и работат на одржување на сите патни правци проодни и безбедни за сообраќај.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека тимови на Македонија пат се на терен и ги одржуваат чисти и проодни патните правци низ земајва.

Тој нагласува дека на ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој, но истовремено апелира до граѓаните, внимателно да ги користат патиштата, да ја прилагодуваат брзината согласно условите на теренот.

„Многу битно, да користат зимски гуми и секаде каде што е потребно опрема, од типот на ланци и сето она што е потребно и што го препорачуваат надлежните, со цел да имаме сигурен и безбеден сообраќај“, истакна Николоски.

Министерот за транспорт потенцира дека се очекува оваа ситуација ќе се задржи и следните денови, и најавува дека ќе бидат во постојана комуникација и координација, со цел да сообраќајот непречено се одвива на ниво на држава и граѓаните стигаат онаму каде што е потребно, особено после празниците, бизнисот да може непречено да се одвива.

„Уште еднаш, апел до граѓаните за одговорно возење и за почитување на сите правила кои што ги имаат надлежните и честитки до сите оние кои деноноќно, по 24 часа се обидуваат да се справат со овие снежни наноси“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ