Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ информираат дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Повеќе информации за тоа во кои делови од земјата се вршат работи на пат и сообраќајот е или во прекин или пренасочен може да прочитате на овој линк.






