Од вчера, од 15 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември до 31 март 2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.






