Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.