Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите, кои во првата половина од следната седмица ќе бидат над просекот за овој период од годината.






