Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 Целзиусови степени.