Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне повремено засилен северен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени.






