вторник, 16 декември 2025
Време

Сончево со мала облачност, oд утре вечер дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 17 Целзиусови степени.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ