недела, 21 декември 2025
Време

Сончево со мала облачност и ветер

Времето во Македонија денеска во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе биде над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Како што информира УХМР, од утре ќе преовладува претежно сончево и ветровито време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, над 60 километри на час, особено долж Повардарието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ