Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 8 до 15 степени. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






