Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 8 до 16 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.






