недела, 7 декември 2025

Сончево со мала до умерена облачност

Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Дневните температури ќе бидат без значителни промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ