петок, 6 март 2026

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени целзиусови.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ