Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 38 Целзиусови степени. Ќе дува засилен , наместа повремено силен ветер од западен и југозападен правец.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.






