четврток, 11 декември 2025
Време

Сончево и топло со температури до 17 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 13 до 17 Целзиусови степени. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 10 до 16 степени. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ