Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде облачно и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 20 до 26 Целзиусови степени.