сабота, 4 април 2026
Време

Сончево и топло со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Во наредните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а поради големата енергија во атмосферата, наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ