Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме. Дневните температури ќе достигнат до 36 Целзиусови степени.