Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови особено во северните делови од земјата наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури ќе достигнат до 39 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.






