
И утре времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер и дневни температури до 38 Целзиусови степени. Во сабота претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност со температури до 35 Целзиусови степени, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.






