понеделник, 29 декември 2025
Време

Сончево и студено

Времето во Македонија денеска ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два степени, а максималната ќе достигне од пет до 12 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус шест, а максималната ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до минус 10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ