Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 18 до 26 Целзиусови степени.