вторник, 9 декември 2025
Време

Сончево и натпросечно топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Наутро со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 Целзиусов степен.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на работната недела дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината иако постепено ќе опаѓаат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ