Во Скопје во текот на денот времето ќе биде сончево и многу топло, а во ноќните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 24 до 31 Целзиусов степен.






