недела, 5 април 2026
Време

Сончево и многу топло со температури до 42 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови, како што информира УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ