недела, 15 март 2026

Сончев ден со мала облачност, попладне – можност за слаб дожд

Во денешната временска прогноза на УХМР се највува сончев ден со мала до умерена облачност.

Објавено на

часот

Сподели

Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од -3 до 1 степен Целзиусов, на територијата на Македонија, додека дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени. Во Скопе, утринската температура е 3 степени, а во текот на денот ќе достигне 19 степени Целзиусови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. В среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ