Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.
До петок времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд, информира УХМР.






