четврток, 11 декември 2025

Сојуз на борци: Градското архитектонско културно наследство пропаѓа, Тетово воскреснува објекти од Османлиската империја

Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово упатува јавна реакција по најавата на Општина Тетово дека ќе се возобновува Саат кула од Османслискиот период, оценувајќи дека се развива погрешна политика во третманот на културното наследство во градот Тетово. Тие велат дека додека вистинското градско архитектонско културно наследство пропаѓа Општина Тетово воскреснува објекти од Османлиската империја.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментов ни пропаѓаат Старата пошта, заштитените куќи на ул. Кузман Јосифивски Питу, ул. Страшо Пинџур, ул. Радован Цониќ, Арабати Баба Теќето, фрескописот во црквата Св. Никола, а Центарот за култура ,,Иљо Антески Смок” особено во фасадниот дел е во очајна состојба. Притоа се заканува рушење на култниот Ловец, а Монопол е речиси целосно срушен, фасадите на градскиот трговски центар и пазарот ги менува кој како сака, се префарбуваат муралите на Павле Кузмановски во јавните објекти… Општина Тетово ваквата очајна состојба во третманот на градското архитектонско и културно наследство го пресретнува со најава за подигнување на саат кула, на местото на таква срушена кула од времето на Османлиите“, велат во реакцијата од Сојузот на борци Тетово.

Според нив секоја совесна власт би алоцирала интервентен фонд или би вршела притисок на институциите за подобрување на состојбата и преземање на мерки за непосредна заштита.

„Пред неколку месеци градоначалникот изјави дека хероите партизани се дел од темното минато. Прашуваме какво е минатото под османлиска власт? Од кога објекти кои потсетуваат на петте века проследени со насилна асимилација се вредни за славење и треба да даваат смисла на современо Тетово, во момент кога вистинското културно наследство се рони пред наши очи? Живееме во време на хипокризија, извитоперени светогледи, манипулативна кусогледа политика која ништо не решава, туку се труди да ја потисне интелигенцијата од јавната сфера“, се вели во соопштението на Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово

Тие ја повикуваат јавноста, политичките субјекти и особено членовите на Советот на општината да го прекинат молкот за важните прашања за градот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ