сабота, 7 март 2026
Реакција

Софија се плаши од успехот на адвокатот Менкиноски во Стразбур, велат од ДС

Демократски сојуз го осуди потегот на властите во Софија да му изречат забрана за влез во Бугарија во траење од 10 години на адвокатот Тони Менкиноски, правен застапник на здруженијата на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека станува збор за чин без преседан во земја членка на Европската унија, со кој се ограничува правото на движење и професионален ангажман на адвокат, само поради тоа што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права.

Од Демократскиот сојуз оценуваат дека со ваквата постапка Бугарија испраќа порака дека не ги признава Македонците како малцинство и, како што наведуваат, ја попречува нивната правна битка за регистрација на здруженија пред судот во Стразбур. Во соопштението се потсетува дека досега се донесени 14 пресуди во нивна корист.

„Ова е чин без преседан во земја членка на Европската унија која му забранува право на движење и професионален ангажман на еден адвокат во земја членка на ЕУ само поради фактот што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права. Бугарија со оваа постапка пред цела Европа дрско и безобразно демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред судот за човекови права во Стразбур, кој досега изрече 14 пресуди во нивна полза“, велат од ДС.

Партијата посочува дека официјална Софија со години ги игнорира одлуките од Стразбур и дека, според нив, ваквите потези претставуваат реакција на засилените правни активности поврзани со малцинските права.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и меѓународните организации за човекови права и ги повикува македонските институции да упатат протестна нота до Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ