Притоа беше укажано дека ова не е прв немил настан од ваков тип, од причина што социјалните работници се мета на насилство и говор на омраза од несовесни корисници.
„Да напоменеме дека и покрај прекинот на работата, сите служби на МЦСР Кавадарци работеа без застој, а корисницџите беа навремени услужени“, беше посочено на собирот.
50-годишниот прилепчанец А. Ј. кој со пиштол ја застрелал 36-годишната социјална работничка од Центарот за социјални работи во Прилеп, успеал да избега при транспортот од демирхисарската Психијатриска болница до прилепскиот Основен суд.
Тој во болницата бил на задолжително лекување откако претходно бил осуден на година и три месеци, а против него се води уште еден судски процес. Уапсен е по нападот со пиштол врз социјалната работничка, а во рамки на истрагата на разговор в полиција е повикан и директорот на Психијатриската болница од Демир Хисар.






