Претседателот Гаши, посакувајќи добредојде, изрази задоволство за средбата со претставници на една од најбитните институции и можноста за размена на искуства со претставници од земји како Малта и Словенија.
Тој ги нагласи трите компоненти за остварување на целта функционално собрание – финансиска независност, независност на собраниската служба, како и независно собраниско обезбедување, на што се работи.
Од страна на гостите беше изразено мислење дека е потребно и институцијата Државен завод за ревизија да биде независна.
Присутните беа едногласни за важноста од постојано зајакнување на соработката со законодавниот дом, со оглед на тоа што и Собранието и ревизорите се насочени кон заштита на граѓаните.






