понеделник, 15 декември 2025

Собранискиот спикер Гаши на домашно лекување, обврските ќе ги усогласи со медицинските препораки

Претседателот на Собранието, Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување. Од кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. Денес, Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки“, стои во информацијата од Кабинетот на претседателот.

Оттаму изразуваат благодарност до директорот на клиниката и до целиот медицински тим за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ