„Процедуралната е врз основа на член 62 став 1 алинеја 10 од Деловникот согласно Закон за пратеници, согласно Деловникот на СДобранието, службите на Собранието и генералниот секретар не смеат да ги игнорираат барањата на пратениците. Службите на Собранието и генералниот секретар од јануари игнорираат барање на пратеничката Мојсоска со кое што се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за пратениците поименично. Изгледа не се сфаќа сериозноста на ова дека ова не и прави штета на Мојсоска, не ми прави мене, не и прави штета на Левица, ама со ова се уништува законски поставен механизам кој е поставен со цел да му овозможи на еден пратеник да ја врши својата пратеничка функција. Службите и генералниот секретар имаат законска обврска да одговараат на пратеничките барања и со тоа да им овозможат да си ја вршат пратеничката функција. шШо се прави со оваа игнорирање на пратеничко барање? Се отвора врата, се отвора простор во иднина на ниту еден пратеник од опозиција да не му се одговори на пратеничко барање и така да се саботира неговото извршување на неговата пратеничка функција. Ова е лошо и за власта, затоа што денеска сте власт а утре ќе бидете опозиција и со ова јавно добро се уништува за партиски интереси“, истакна Јанчев.
Како што најави Јанчев, се додека не и се одговори на пратеничката Мојсоска, на секоја седница ќе бараат пауза.
„Согласно член 67 став барам да му се наложи на генералниот секретар и на службите на Собранието да си ја завршат деловничката и законската обврска и да одговараат на првичното поставено барање и побара пауза од еден час. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница се додека не добијат одговор на барањето“, рече Јанчев.
Гаши му одговори на Јанчев. Потенцира дека во законскиот рок пратеничката добила одговор, но потоа побарала подетални информации за кои како што рече спикерот, ќе им бидат доставени побараните информации откако ќе бидат изработени.
„Ќе добиете еден час пауза, но само да ви кажам дека сум известен јас како претседател и генералната секретарка и работиме на случајот. Знаете дека во законскиот рок ви беше одговорено. Вие баравте подетални информации. Информациите се изработуваат и ќе ви бидат доставени. Нема никаков проблем. Никој од ништо не бега, ниту се плаши, ниту се крие. Ќе ги добиете. Не разбирам зошто барате пауза, кога сакаме да работиме. Но, го почитувам вашето барање и ќе ви дадеме еден час пауза“, рече Гаши.