Конференцијата е во рамките на парламентарната димензија на кипарското претседателство на Советот на Европската Унија, а организирана од страна на парламентот на Република Кипар.
„Фокусот на конференцијата ќе биде ставен на приоритетите и стратегиите на заедничката надворешна и безбедносна политика (CFSP) и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP), зајакнувањето на улогата на Европската Унија во Северна Африка и Блискиот Исток, како и на изградбата на посилна и покапацитетна европска одбрана.
На конференцијата се очекува учество на претседателите на надлежните парламентарни комисии од земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, членови на Европскиот парламент, како и претставници од академската и безбедносната заедница. Во услови на актуелни геополитички предизвици, конференцијата има за цел да придонесе кон изградбата на поотпорна, пообединета и поефикасна ЕУ во областа на надворешната и безбедносна политика“, се наведува со собраниското соопштение.
Конференцијата претставува значајна платформа за размена на мислења и зајакнување на интерпарламентарната соработка меѓу националните парламенти на земјите членки и земјите кандидатки за членство во ЕУ, Европскиот парламент и поканетите експерти.






