„Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена“, напиша на Фејсбук претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Генералната секретарка на парламентот, Марина Димовска потенцира дека овој чин не е само симболика – тоа е јасна порака дека Собранието стои на страната на секоја жена и девојка и не толерира никакаква форма на насилство.
„Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена“, потенцира Димовска.






