Гаши потенцира дека сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница ќе биде неговото разрешување, но оти би требало да му биде доставена во текот на денов.
До крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања.
Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закони за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет.






