сабота, 12 јули 2025

Собранието со 90 гласа ги избра членовите на Советот на АВМУ

Собранието на Македонија денеска ја усвои предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Објавено на

часот

Сподели

Согласно одлуката за членови се избрани: Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје,  Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија и Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.

Вчера собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно ја усвои новата предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) согласно која во предложениот состав на советот беше предложено Јајага да биде на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје,

За предлог-одлуката, за чие усвојување беше потребно двотретинско мнозинство, гласаа 95 пратеници, од кои 90 „за“, а 5 „против“, без воздржани. За одлуката беа и 20 пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, а пет беа против.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ