четврток, 1 мај 2025

Собранието објави конкурс за лого

Објавен е jавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого) на Собранието на Македонија со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес – служба.

Објавено на

часот

Сподели

Во конкурсot се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Меѓу другото, дизајнот на логото треба да биде уникатен и неупотребуван досега, така што авторот треба да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.

Секој учесник на конкурсот, се додава во соопштението, има право да поднесе најмногу до три идејни решенија за лого на Собранието.

Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на jавниот конкурс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ