Тој рече дека како претседател на Комисијата смета оти ова е многу важен закон, затоа што, како што истакна, независно од која политичка номенклатура доаѓаат пратениците, сите разговараат со гражаните и знаат дека правосудството е рак рана на нашето општество.
„Ова особено во делот на Јавното обвинителство, каде што, поради начинот на функционирање, многу од предметите кои што треба да добијат судска разврска, не можат да стигнат ниту до судовите во Р. Македонија. Затоа сметам дека реформирањето на Јавното обвинителство и тоа како претставува еден сериозен и реформски закон“, рече Пренџов на денешната прес-конференција во Собранието.
Тој додаде дека е горд што во мандат додека тој е претседател на оваа Комисија има квалитативна и квантитативна разлика во споредба со нејзината работа во минатото, но и во споредба со другите работните тела во рамки на Собранието.
„Организираме јавна расправа на која што ги покануваме сите експерти од областа која што е предмет на таа јавна расправа, повикуваме професори и заинтересирани страни, не како и невладини од граѓански сектор, со цел да дадат едно свое видување до пратениците, кој што потоа на второ читање, да бидат поспремни за амандманската расправа, со цел да имаме уште подобро законско решение од она која што е во моментот во Собранието“, рече тој.
Потсети дека имало јавна расправа за трите закони поврзани со јавната администрација, одржана биле јавни расправи за закон за висока раководна служба, за кривичниот закон, јавна расправа за безбедност на патиштата…
МИА






