вторник, 16 декември 2025

Собранието ја констатираше оставката на обвинителот Коцевски

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата.

Предлогот за негово разрешување што требаше да се разгледува на 76. седница го оцени како политичка одлука. Кажа дека од функцијата што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава“. Доказ за тоа, како што наведе, е тоа што дури денеска во 10 часот, еден час пред закажаната седница за негово разрешување, му била доставена поканата за присуство, а не му бил доставен ниту предлогот за разрешување.

 

Собранието 76. седница ќе ја продолжи во 12 и 30 часот поради барање на Рина Ајдари од АА материјалите да бидат преведени на албански јазик, на што претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека сите материјали што доаѓаат се дадени на предвод и тоа може да се провери во системот е-парламент.

Претходно за задоцнето пристигнување на материјалите, односно закони за оваа седница реагираше и Борислав Крмов, координарот на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ