Како што информираат од собраниската прес-служба, соговорниците ги разгледале можностите за воспоставување институционална соработка меѓу македонското Собрание и Програмата за владеење на правото на Фондацијата Конрад Аденауер.
Димовска информирала за досегашната соработка со германскиот Бундестаг и за соработката на собраниските службеници од двата парламента преку која биле реализирани неколку значајни проекти во нашиот законодавен дом.
Соговорниците ја нагласиле потребата за организирање на обуки наменети за собраниските службеници, како и стручна поддршка во неколку клучни области, меѓу кои процесот на ЕУ интеграции, улогата на работните тела при усогласување на законодавството, како и запознавање со преговорите по кластери и процесите поврзани со европските интеграции.
Била истакната важноста за обезбедување на стручна поддршка на собраниската службата во однос на парламентарниот надзор, како и зајканување на етичките стандарди.
Двете страни се согласиле дека заедно може многу да се направи за зајакнувањето на капацитетите на собраниската служба преку таргетирање на приоритетите и потребите на Собранието.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ било поздравена досегашната континуирана и плодна соработка и истакната подготвеноста оваа соработка да се унапредува во периодот што следи.
Координаторот Мицевски ја нотирал досегашната поддршка на КАС во унапредување на капацитетите на составот на пратеничката група и ја истакнал потребата од продлабочена соработка во делот на креирање на реформите.
На средбата било разговарано и за унапредување на собраниската улога во креирање и унапредување на антикорупциското законодавство. Во оваа насока е истакната и потребата за подобрување на комуникацијата со јавноста и транспаретноста во унапредување на реформите.
Усватов изразил благодарност за реализацијата на оваа средба и ја истакнал подготвеноста на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа за поддршка на напорите на пратеничката група за унапредување на реформите и борбата против корупцијата.