понеделник, 29 декември 2025

Собранието го донесе Законот за Судски совет

Собранието денеска во рамки на 79. пленарна седница со 73 гласа за и еден воздржан го донесе Законот за Судски совет. Според предлачачите, главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет.

Објавено на

часот

Сподели

Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседателот на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор односно прецизирање на тоа што значи поимот истакнат правник и воведување јавна расправа при избор на кандидатите кои не се судии, со цел поголема транспарентност и одговорност.

Воедно, предвидено е и зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите, јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на Судскиот совет.

Значајна новина е и воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите, утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет и бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ