„Процесот на распишување на изборите не е воден од индивидуални преференции или предлози, туку од два фундаментални принципа – задолжителното почитување на законските рокови од Изборниот законик, вклучувајќи ги и новите одредби од член 132-а, донесени во март 2024 година; и проценката и подготвеноста на Државната изборна комисија, како надлежна институција за организирање и спроведување на изборниот процес“, велат од Кабинетот на Гаши.
Во овој контекст, додаваат дека претседателот на Собранието веќе одржа два работни состаноци со претставници на ДИК, со кои беа разгледани сите правни и оперативни аспекти поврзани со повторувањето на процесот во овие општини.






