„Во оваа хуманитарна трка учествуваа повеќе од 1.500 натпреварувачи, во сениорски и детски категории, меѓу кои и тим од вработени во Општина Аеродром, предводен од в.д. градоначалникот Дејан Митески. Големо браво до сите учесници кои ја покажаа својата хуманост“, пишува во соопштението од општината.
Од Општина Аеродром, додаваат дека и во иднина ќе останат верен поддржувач на вакви настани со што се промовира здравиот начин на живот и се поттикнува солидарноста.