петок, 5 декември 2025

Сo указ на претседателката Сиљановска се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

Од Италија се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија. Тој има и нерезидентни должности за Сан Марино и Малта, а неговиот мандат ќе престане заклучно со 31 јануари 2026 година. Од Австрија се отповикува амбасадорот Освит Росоклија, а неговата должност завршува до 28 февруари 2026 година.

Објавено на

часот

Сподели

Со указ на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се отповикува и Слободан Узунов, македонски амбасадор во Индија, кој ги покрива и Бангладеш и Шри Ланка на нерезидентна основа. Неговата функција ќе заврши до 19 декември.

Амбасадорот на Македонија во Бразил Игор Попов, добива уште една надлежност – нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор за Уругвај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ